Димитров утре во дипломатска офанзива во Брисел

Утрешниот појадок на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со неговите колеги од Европската Унија ќе биде прилика за македонската страна да побара од ЕУ “стратешки“ да размислува кога станува збор за стартот на преговори со Македонија, велат дипломатски извори во Брисел.
Неформалниот појадок, организиран од страна на Бугарија и Австрија (сегашното и следното претседателство на ЕУ) ќе се одржи утре во хотел блиску до европските институции, еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи, дознава МИА.
Димитров ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив да го “препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“, брифираат добро упатени дипломатски извори во Брисел. Од ЕУ Македонија очекува “стратешко размислување“, што значи дека доколку постигне компромис за спорот со името, на земјата треба да и се даде “ветер во грб“ и охрабрување на јунскиот Самит, во облик на јасен сигнал за старт на преговори.
Македонија и нејзините поддржувачи во ЕУ се решени да ги убедат скептичните земји дека доколку се постигне комппромис за спорот со името, мора Македонија да добие нешто конкретно за возврат, дали тоа ќе биде веќе прецизен датум за преговори на јунскиот самит или друга заложба, но со јасна временска рамка за почетокот на преговорите.
Аргументацијата на македонската страна и нејзините поддржувачи е дека е важно да се има предвид политичката криза од која излезе Македонија како и начинот на кој затвора децениски проблеми со соседите и дека тоа треба да биде наградено, не само поради Македонија, туку и како знак кон целиот регион на Западниот Балкан, велат изворите на МИА.
Овие пораки ќе им бидат пред сѐ упатени на земјите кои се скептични кон проширувањето како што се Франција и Холандија.
За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој.
Димитров, кој по Њујорк веднаш отпатува за Брисел, попладнево имаше тет-е-тет средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
