Во Њујорк почна новата рунда разговори за името

Во зградата на ОН во Њујорк започна средбата на министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, објави министерот Димитров на неговиот твитер профил.
Во пресрет на новата рунда разговори за името, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.
- Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш.
Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение.
Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името.
- Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи.
Средбата во Њујорк следи по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата Република Илинденска Македонија беше издвоена како најприфатлива. Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот - предлози од Нимиц.
Ново на Сител
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
-

Бадникови поворки во Соборниот храм на традиционална средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
-

Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена е „Пандорината кутија“
-

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија
