Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево
СВР Струмица му поднесе нова кривична пријава на поранешниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов (51), како и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци.
Според портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска, поранешниот градоначалник се сомничи дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а второпријавениот за „Поттикнување“.
- В.С. на 27 септември 2012 година на второпријавениот му издал решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект-куќа, за објект за кој не биле исполнети условите за легализација и утврдување правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Според полицијата, поранепниот градоначалник на општина Василево со тоа постапил спротивно на Законот со што му овозможил на второпријавениот, кој е вработен во Општина Василево, да се стекне со противправна имотна корист.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови