Македонија
9. July 2015 - 17:17

Со 50 денари се поминуваат 100 километри - електромобили во Скопје

Од загадувач и потрошувач на фосилни горива до електромобил. Ванчо Зрнцев и Сашо Јовановски се пионерите во Македонија во пренамена на класичните возила во електрични. Заштедата на енергија, помалата потрошувачка но и заштитата на животната средина се главните причини поради кои се одлучиле на овој потег.

Во европски и светски рамки бројот на возила на електричен погон во континуитет се зголемува. Скопје се приклучува на овој тренд со тоа што го постави првиот полнач за електрични возила, лоциран во катната гаража Македонска фаланга.

Преку полначот во ист момент ќе може да се полнат две возила, а пристап до него ќе имаат сите кои поседуваат електромобил. За поставување на две станици за полнење на возила на електричен погон, градот издвои 20 илјади евра.