Министерот Филипче во посета на кумановската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети кумановската болница и оствари средба со менаџерскиот тим на болницата. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочува болницата, за можностите за нивно надминување, се со цел, подобрување на условите и за пациентите и вработените во општата болница.
Директорката на болницата, Снежана Захариева информираше дека со министерот посетиле неколку одделенија во установата.
- Разговаравме за можноста да се преселат дел од амбулантите во новиот ургентен центар. Беше најавено дека Министерството ќе набави нов мамограф за болницата и дека ќе се заложи за нејзина гасификација, изјави Захариева.
На средбата соговорниците се договориле дека во иднина ќе се посвети внимание за набавка на нова апаратура на неколку одделенија. Кумановската болница го покрива североисточниот регион со шест општини со приближно 200.000 пациенти. Во оваа болница, поради недостиг на хоспитален дел и оперативни програми во останатите градови се лекуваат пацинетите од Куманово, Картово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
