Регионот ги „краде“ идеите на македонската влада
Државите од регионот учат од македонските искуства и ги преземаат проектите и мерките на македонската Влада. Македонскиот пример за привлекување на странски инвеститори преку роуд шоуа како и обезбедувањето на поволна бизнис клима го превземаа Србија Хрватска и Романија а беше практикуван и од грчките власти.
Србите го превземаа проектот за бесплатен одмор на пензионерите, по примерот на македонските власти започнаа да ги легализираат бесправно изградените објекти а го копираа и концептот за избор на раководни лица преку конкурс кој земјава веќе неколку години успешно го спроведува.
“Особено го почитуваме она што се случува во Македонија и зголемување на растот кој што Македонија го прави. Ние учиме и прифаќаме од сето она што се случува во Македонија, ние не се срамиме од тоа, туку и сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од сите оние кои сметаат дека може да научат од некого, а ние многу учиме од нашите македонски колеги” - изјави при втората заедничка владина средба на мaкедонската и српската влада, српскиот премиер Александар Вучиќ, посебно поздравувајќи го пристапот на македонската Влада во процесот на привлекување на странски инвестиции.
Лани во Србија беа најавени и евтините кредити за малите и средни фирми преку субвенционирани каматни стапки. Кај нас пред повеќе години концептот се спроведува преку МБПР.
Хрватска пак на почетокот на годинава го копираше проектот за отпис на долговите на социјално ранливите категории граѓани, а по примерот на земјава воведе и мерки за самовработување со доделување на финансиска помош.
Хрватите доделуваат и средства во износ од 3000 евра за невработени лица кои се заинтересирани да започнат сопствен бизнис. Мерката кај нас се спроведува веќе неколку години. Додека пак македонскиот проект Купи куќа купи стан како и проектот за изградба на социјални станови, ги потикнаа овие две земји да го решаваат станбеното прашање на граѓаните со пониски примања.
Проектот Македонија вработува е уште еден од повеќето владини проекти кои го разбудија интересот кај земјите од регионот. Словенија подготвува закон со кој ќе ги стимулира работодавачите да вработуваат постари лица, а државата ќе им ги покрива придонесите.
-Затоа сега во Словенија се подготвува промена на закон кој би ги стимулирал работодавачите да вработуваат и постари лица, а да бидат ослободени од плаќање на давачки за здравствено и пензиско осигурување. Тоа да го направи државата – изјави претседателот на синдикати на Словенија, Душан Семулиќ.
Според експертите овие примери претставуваат признание за политиките на Владата и позитивен момент во градењето на имиџот на нашата држава.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
