Копилот ќе излетал од авион на висина од 10.000 метри
Инцидентот во кој пукна предното ветробранско стакло на висина од 10.000 метри на летот на „Сечуан ерлајнс“ предизвикал целосен хаос и само благодарение на присебноста на пилотот и останатите членови на екипажот е спречено да се случи поголема трагедија.
Тие успеале да го задржат копилотот и не дозволиле да излета низ скршеното стакло на кабината на патничкиот Ербас 319.
Капетанот Лу Чуанџен, кој беше прогласен за херој, потоа го спушти авионот без помошни инструменти.
Тој за локалните медиуми соопшти дека на висина од 10.000 метри во кабината се чул заглушувачки звуг, по што дошло до нагло губење на притисокот и пад на температурата, а увиделе дека нема едно од ветробранските стакла.
- Без предупредување стаклото напукна и исчезна со заглушувачки звук. Потоа само видов како мојот копилот до половината е надвор и виси низ прозорецот, изјави капетанот.
Копилотот, кој за среќа бил врзан со појасот, успеале некако да го внесат во кабината и имал само помали изгореници и истегнат зглоб.
Според зборовите на капетанот во кабината „се лебдело во воздух“, а поголем дел од опремата не функционирал. Авионот многу се тресел и не можело да се чита што покажуваат инструментите.
Сепак благодарение на неговата присебност авионот успешно слета, а останатите членови на екипажот и сите 119 патници поминаа без повреди.
Истрагата за инцидентот е во тек.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект