Бизнис
14. May 2018 - 21:15

Свежата храна и опасните материи побрзо ќе поминуваа на граничните премини

Двојно ќе се намали чекањето на граница за камионите со лесно расиплива стока и опасни материи. Со новиот протокол кој го потпишаа надлежните институции извозниците ќе се задржуваат најмногу час и половина.На барање на деловната заедница овие превозници ќе имаат и  посебна лента за движење. Наместо од 21 до 1 часот по полноќ како досега, тие ќе можат да превезуваат роба целото деноноќие.

– Наша обврска ќе биде  и при влез заедно со царинските  службеници да се овозможи приоритетно движење на граничната линија до царинските терминали на возилата на дополнителна лента. За таа цел во МВР сме подготвени да го зголемиме бројот на полициски службеници на граничните премини за да бидеме поефикасни во спроведувањето на протоколот, укажа Велковски.

Извозниците на прехранбено земјоделски производи како и жива стока ќе имаат особен бенефит од ваквата мерка, истакна министерот за земјоделство. Ќе станат поконкурентни на странските пазари.

Надлежните очекуваат дека со ова полесно ќе се испочитуваат договорите со странските партнери. Робата побрзо ќе им се испорачува што пак ќе влијае на зголемување на бројот на склучени зделки во иднина и зголемување на домашното производство и извоз.