Тинејџерите жртви на нова дрога
Поради последици предизвикани од инхалирање супстанци во „освежувачи за воздух”, во Осијек се хоспитализирани шест малолетници на возраст од 13 до 17 години, соопшти болницата и предупреди дека оваа дрога може да биде опасна по живот.
Психијатарот Катарина Додиг Чирковиќ вели дека децата се примени со различни симптоми меѓу кои неконтролирано агресивно однесување, губење контакт со реалност, дезориентација во времето и просторот, висок крвен притисок, вознемиреност, халуцинации и параноја.
Таа предупреди дека малолетниците од освежувачите за воздух во комбинација со друга супстанца вдишуваат комбинација која е претставува опасност по нивниот живот.
Според нејзините зборови овие освежувачи содржат хемиски изменет и значително јак екстракт од канабис.
Не станува збор за освежувач, туку за синтетичка дрога, која е лесно достапна за малолетниците, а до информации за неа доаѓаат преку социјалните мрежи, надвор од родителски надзор.
Лекарите и полицијата предупредуваат дека синтетичката улична дрога легално се продава во пакувања како освежувачи за воздух или миксови од билки.
Пакетчињата се различно дизајнирани имаат различни имиња како „Спајс“, „Галакси“, „Зомби“…
Ново на Сител
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско