ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја држи државата во грч, непотизмот и вработувањето по партиски клуч се начинот на кој функционира картелот
Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев.
Цената на послушноста ја откри самиот Заев.
Шефот за човечки ресурси во Основен суд Скопје 1, кој е и десна рака на претседателот на судот Иван Џолев, Горан Стаменковски е назначен за советник на Заев.
Ќе зема пари кабинетот на премиерот за да биде линк помеѓу Заев и Џолев. Изгледа да не беше доволно тоа што претседателот на судот стоеше во став мирно пред Заев кој е обвинет за тежок криминал и му се суди во кривичниот суд.
Цената на политичко монтирано обвинение и политичко мотивирано барање за притвор или одземање патна исправа е предлогот сестрата на Катица Јанева за заменик претседател на комисијата за хартии од вредност.
Со ваквата одлука се става под сериозен сомнеж независноста на оваа институција.
Државата е заробена поради интересите на картелот. Институциите се користат за враќање на долговите на Зоран Заев кон поединци и групи.
Заев ја држи државата во грч. Непотизмот и вработувањето по партиски клуч се начинот на кој функционира картелот. Веднаш по доаѓањето на власт видовме како градоначалниците на Битола, Неготино и Берово си ги вработија своите сопружници.
АД ЕЛЕМ го претворија во место за згрижување на децата на функционерите, на државна плата во ова претпријатие картелот ги вдоми децата на Мирослав Грчев и Талат Џафери, како и сопругот на Магдалена Несторовска. Функција доби и синот ма Љубомир Фрчкоски, кој беше именуван за раководител во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор. Зарем ова е професионализацијата која ја ветуваше СДСМ? Ова не е професионализација ова е непотизам и партизација.
Ова безредие мора да запре. Граѓаните заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково