Македонија
24. October 2015 - 16:45

Од викендов започнува зимско сметање на времето

Еден час повеќе за одмор. Во три по полноќ не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот на два часот. Ноќеска  почнува зимското сметање на времето, вообичаено во последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа. Досега воведено е во околу 70 земји.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тите години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, работниот ден го прави поефикасен.

Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Во САД и Канада  од 2007 година  зимското сметање на времето  почнува во првата недела во ноември и завршува во втората недела во март.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година,  а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

Македонија за првпат го воведе летното сметање на времето во 1983 година. 

Поместувањето на времето во поголем број случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела, за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.