Во Венецуела повторно расте цената на нафтата
Во пресрет на одлуката на САД за враќање на санкциите кон Иран и продолжување на економската криза во Венецуела, цената на нафтата повторно расте и денеска изнесува 76 долари за барел.
На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за 80 центи и изнесува 75,67 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 84 центи повисока цена, која изнесува 70,56 долари.
Цените ја поттикнаа кризата во Венецуела, главниот извозник на нафта, која го засени зголемувањето на производството во САД за повеќе од една четвртина во текот на изминатите две години - на 10,62 милиони барели дневно, наведуваат економските аналитичари.
Американската нафтена компанија „Конокофилипс“ одлучи да го преземе главниот имот на венецуелската нафтена компанија ПДВСА на Карибите со цел во арбитражната постапка да добие надомест од две милијарди долари.
Овој потег, според аналитичарите, би можел дополнително да влијае на веќе намаленото производство и извоз на моќната венецуелска компанија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата