Македонија
1. May 2018 - 16:37
Првомајски скари: Граѓаните го искористија сончевиот ден
Скара, музика и освежителни пијалоци. Традиционална прослава на меѓународниот ден на трудот, 1-ви мај. На вообичаените излетнички места во околината на Скопје и годинава се бараше место повеќе. Матка, Водно и Марков Манастир беа преполни со излетници. Дополнителен придонес за веселата атмосфера имаше и топлиот и сончев ден
Ако некогаш овој датум се одбележуваше со масовни протести, на кои работниците се бореа за поголеми права, денес главна карактеристика на денот на трудот е пикникот.
Полн со луѓе беше и градскиот парк. Оние кои денеска не приготвуваа скара, убавото време го искористија за прошетка со најблиските низ центарот на градот.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
