Првомајски протести: Синдикатите побараа поголеми работнички права
Со мирен протестен марш синдикалците го одбележаа меѓународниот ден на трудот. Стартувајќи од различни локации низ градот сите синдикални организации како и политичката партија Левица го завршија протестот пред Владата. Членовите на Сојузот на синдикати први го завршија маршот по што ги доставија барањата до Владата. Подобар закон за работни односи, повисоки плати како и К15 за сите работници и регулирање на прекувремената работа се некои од нив. Претходно синдикалците обраќање имаа и пред Собранието.
Независните синдикати пак во одбрана на работничките права протестираа против извршителите. Побараа нов закон за извршители и да се одблокираат сметките на преку 50 000 граѓани.
Синдикалците посочија дека утре ќе ги достават измените што ги предлагаат на Законот за извршители. Премиерот Заев пак на новинарско прашање одговори дека се работи законските измени со кои ќе се намалат извршителските тарифи.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар