Ревизорите констатираат неправилности во трошењето на народните пари - институциите не реагираат
Препораките од државните ревизори остануваат само на хартија, институциите многу ретко ги спроведуваат. Околу 40 отсто од нив не ги ни удостоиле ревизорите со одговор на препораките кои се однесуваат на трошењето на народните пари. Од друга страна пак случаите кадешто има сомнеж за незаконско работење се во Јавното обвинителство и Антикорупциска и ревизорите немаат информации до кај се. Од Фондацијата Вестминстер велат дека потребен е поголем притисок врз институциите.
Од јавното обвинителство велат дека постапуваат по сите доставени извештаи од ДЗР. Во моментов се оформени пет предмети по кои активно се постапува. Извештаите се обемни и сложени и бараат многу време.
Во изминатите 2 години ДЗР до Јавното обвинителство има доставено повеќе од 10 извештаи за кои се сомнева дека има незаконско работење.
-
Александра Деспотовска
Сите содржини од овој новинар