-->
-->
Името на мажот открива каков е во кревет
-->
Земете лист и пенкало и пресметајте. На секоја самогласка во името на мажот (А, Е, И, О, У) доделете и го соодветниот број и соберете. Доколку добиете двоцифрен број, соберете ги неговите цифри за да добиете
А-1
Е-5
И-9
О-6
У-3
Резултати:
1
Тој е прилично вешт во креветот – но само кога е расположен и кога навистина сака секс. За жал, тоа не е баш често. „Уморен сум“, „Имав напорен ден на работа“, „Не можам ништо да правам“ се реченици кои често ги изговара. Околу него навистина ќе морате да се потрудите, се додека конечно не се сложи да имате секс. А кога ќе се случи тоа, ќе биде исклучително нежен и страствен љубовник.
2
За овој маж никако не смееме да тврдиме дека е совршен љубовник. Имено, овој маж е досаден и е бледа сенка на љубовникот кој секоја жена би сакала да го има покрај себе. Тој сака да се фали, но притоа кажува многу лаги. Доколку се посвети повеќе на себе, можеби тогаш би дознал што е страст и желба. Затоа, помогнете му подобро да се запознае.
3
Овој маж обожава жесток секс. Но, притоа обраќа внимание и на желбите на партнерката. Ќе се погрижи за романтичната атмосфера и ќе и посвети доволно време на избраничката. Сепак, ова негово однесување не делува спонтано. По неколку недели поминати со него имате чувство дека испланирал се однапред и набргу ќе ви стане здодевен. Затоа ви ја препорачуваме следнава тактика: изненадете го и направете се за здодевноста да не биде дел од вашиот љубовен живот.
4
Со овој маж можете да доживеете прекрасен секс – но само ако имате интереси и желби исти како него. Тој никогаш не одбива, дури е подготвен да се преправа дека му одговара одредена работа иако не е така. Тоа сепак не значи дека сака игри, туку можеби повеќе му одговара масажа или одредени пози. Доколку тоа не ви се допаѓа – ќе се најдете во неволја.
5
Станува збор за еден исклучително шармантен маж. Тој ги знае вашите тајни и умее да ве доведе до лудило со само еден допир. Понекогаш и погледот е доволна причина да ве усреќи. Сепак, никако не смеете да го прашате аде ги научил сите техники – тоа може да го повреди.
6
Позади овој број се крие следнава порака: тој сака секс, но во себе носи и нешто „животинско“. Бројот 6 е ѓаволски број. Кога ќе се опушти, нема да можете да го сопрете. Можеби токму та ви се допаѓа? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа, да почувствувате интензивна страст и емоции, сигурно нема да се одвојувате од овој маж.
7
Ниеден маж нема да покаже повеќе чувства од него. Тој умее да го сослуша својот соговорник, многу е внимателен и нежен љубовник. Сака да слуша романтична музика и да ужива со сите сетила Дали навистина постои таков маж? Да! Доколку ви се допаѓа, препуштете му се и заборавете на се околу себе.
8
Осум е бројот на бесконечноста, а вие имате маж кој не знае кога е доста. Тој секогаш сака секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде прекрасно доколку сте и вие такви. Во спротивно ќе морате да ги задоолите неговите сетила на друг начин. Зошто да не? Сето тоа само ќе ја разбуди неговата страственост. Сонот наа многу жени всушност е да бидат со ваков маж.
9
Бројот девет симболизира „дивина“. Кога овој маж ја демонстрира страста, ќе имате чувство дека сте допреле до некој друг свет. Нему сексот му е во крвта, а уметноста во заведувањето е неговото второ име. Единствен проблем е што ништо друго не му е на памет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија
-
Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
-
Пакетомати и на македонскиот поштенски пазар
-
Романија доби нова проевропска влада
-
Медиуми: Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО
-
Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
-
Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места