-->
-->
Грчки медиуми: Клучна средба во Виена, спорно - опсегот на употреба
-->
Како клучна и решавачка, грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.Новинарите кај јужниот сосед, потсетуваат дека разликите остануваат непроменети, а тоа се грчкото барање за ерга омнес, односно име за севкупна употреба и уставна ревизија.
- Господата Коѕијас, Димитров и Нимиц ќе ги разгледаат сите прашања што се веќе договорени на досегашните одржани преговори и ќе ги одвојат темите „трнови“ што уште ги држат далеку Атина и Скопје. Како основен „трн“ се појавува опсегот на употреба на новото име, бидејќи Атина инсистира на име за севкупна употреба и за сите, додека пак ПЈРМ преферира „двојно име“, односно име за меѓународна употреба и задржување на уставното име за употреба во внатрешноста, објавува грчкото радио „Атина 984“, пренесе МИА.
- Сите чекори што требаше да ги направиме, ги направивме, рекол владин претставник за грчкиот информативен портал „Iefimerida“ и додал дека другата страна, односно Македонија, треба да ги направи останатите чекори.
Според порталот, грчката влада тврди дека не постојат временски ограничувања, а преговорите продолжуваат.
Весникот „Катимерини“, пак пишува дека според одредени информации, медијаторот Нимиц, особено по континуираните средби на Димитров и Коѕијас, оценува дека „нивото на преговори меѓу Атина и Скопје е понапредно од било кога до сега, нешто што во суштина ги олеснува предусловите за договор“.
Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека „не е мал бројот на оние од Западот“ што ја притискаат Грција и повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека е постигнат договор за техничките прашања.
- Но, во суштина, се чини дека Скопје се појавува побескомпромисно во преговорите. За многумина, оваа разврска покажува дека во позадина, пријателите и партнерите на Грција во НАТО и ЕУ веројатно немаат намера да извршат притисоци кон Скопје за отстапки, туку ја притискаат грчката страна кон отстапка од „црвената линија“ за сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и од барањето на Грција да се отстранат сите иредентистички наводи од Уставот на Скопје, пишува „Прото тема“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми споменуваат дека двајцата шефови на дипломатиите, веќе следната седмица, на 3 и 4 мај, ќе имаат нова средба во Солун во рамките на квадрилатералниот состанок на министрите од Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, а потоа и во Сунио, за време на Конференцијата за Европа на 11 и 12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
