-->
-->
ЖРК Металург пред вистински испит
-->

Женскиот ракометен тим на Металург оствари победа на првиот натпревар од 2.коло од Купот на Купови. Ракометарките од „Автокоманда“ како гости ја победија холандската екипа Вестфриесланд со 24:23, но вистинската потврда на резултатот ќе има саботниот дуел што се игра во Скопје.
На денешниот прес тренерот Александар Петровски истакна:
- Целта е да се пласираме во следната рунда, тоа што не ни успеа лани. Одигравме добар натпревар и изборивме поволен резултат. Тие брзо ги завршуваат нападите и треба да бидеме концентрирани. Можеби во реваншот и поради резултатот од првиот дуел сме фаворити. За доброто на ЖРК Металург и за женскиот ракомет во Македонија потребно е нашиот тим да се избори за следното коло и да играме натпревари од следната рунда против данскиот тим Холстебро, екипа која има две титули ЕХФ куп (2013 и 2015).
Голманката Наташа Антиќ истакна:
- Важно е да се пласираме во 3.коло. Очекуваме подобра игра на саботниот натпревар.
Реванш натпреварот ЖРК Металург – Вестфриесланд се игра во сабота (24.октомври) во салата Автокоманда со почеток во 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
