Трибина за зајакнување на врските со македонската дијаспора
Институционалната поставеност на државата за соработка со дијапората, идните предизвици и градење нови модели на соработка меѓу државата и граѓанскиот сектор. Ова се дел од темите на денешната трибина што ја организира Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт - Македонија“.
Трибината е во рамки на проектот „Граѓанско општество-мост за соработка со дијаспората“, кој е поддржан од Цивика мобилитас-Програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, Швајцарската агенцијата за развој и соработка и Македонскиот центар за меѓународна соработка.
На трибината најавени се обраќања на министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, директорите на МЦМС Александар Кржаловски, и на Агенцијата за иселеништво на Македонија Никола Шалваринов, претставници од Агенцијата за иселеништво на Македонија и од повеќе невладини организации.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка