Недоволна искористеноста на финансиската поддршка за компаниите
Македонските компании се уште малку ја користат финансиската поддршка што им е на располагање поради слабата информираност, несоодветноста на програмите и недоволниот институционален капацитет за нивно имплементирање, беше речено денеска во Сојузот на стопанските комори (ССК).
ССК во соработка со швајцарската ИМЕ Програма за зголемување на пазарната вработеност на прес-конференција го промовира ажурираниот Каталог во кој се сублимирани сите типови финансиска поддршка за компаниите што ги нудат државните институции, банките, штедилниците, граѓанскиот и приватниот сектор.
Каталогот ќе биде дистрибуиран до сите членки на ССК, но и јавно објавен на веб-страницата на Сојузот за да можат да го користат сите компании од македонскиот бизнис сектор. Содржи 23 понуди од владини институции, 17 банки и штедилници, како и 14 видови бизнис поддршки од граѓанскиот и приватниот сектор.
-Слабиот пристап до финансии и до бизнис услуги е основна пречка за развој на фирмите, истакна заменик шефот во Швајцарската амбасада Стефан Томажан, додавајќи дека пристапот до информации за достапната поддршка е клучен не само за почнување бизнис, туку и за поддршка на постојните компании.
Според извршниот директор на ССК Александар Зарков, информациите се важни за навремено и ефикасно искористување на расположливата финансиска поддршка.
Во Каталогот ажуриран заклучно со февруари 2018 бројот на понудени поддршки е поголем во однос на 2016 година кога бил првпат издаден и содржел 20 понуди од владини институции, 16 банки и штедилници и седум бизнис поддршки од граѓанскиот и приватниот сектор.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-
Зеленски: Русија се повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје