Воскресение Христово Трет ден - обичаи и верувања
Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.
Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението.
Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.
Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.
И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.
Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш се¬која година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
