-->
-->
Млад моторџија тешко повреден во Козјак, удрил во сообраќаен знак
-->

Вчера во 12,40 часот на регионалниот пат Скопје- ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, мотоцикл “Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици управуван од Ф.Ш.(25) од Скопје изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак.
Ф.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
-

„Волстрит џурнал“: Трамп го поддржува Венс за директни разговори со Резаи
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Македонија сè попривлечна за туристите – над 136.000 посетители во септември, од нив речиси 28.000 од Турција
