-->
-->
Боздаг: Турција уапси 80 свои државјани во 18 земји
-->
Турскиот заменик премиер Бекир Боздаг денеска изјави дека турската разузнавачка агенција до сега уапсила најмалку 80 турски државјани во 18 земји.
Уапсените се лица кои Турција ги гони поради наводната улога во неуспешниот пуч од 2016 година.
Боздаг не наведе во кои земји се уапсени турските државјани, но најави дека ќе продолжат таквите операции.
Во Турција уапсени се повеќе од 38.000 луѓе, а околу 110.000 јавни службеници добија отказ под обвинение дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, кој според Анкара е организатор на воениот удар.
Турција минатата недела организира апсење и депортација на шест турски државјани од Косово под обвинение дека се припадници на движењето ФАТО, на Ѓулен, кој е во егзил во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд