-->
-->
Џоан Колинс преговара за улога во новата сезона на „Американска хорор приказна“
-->
По Џесика Ланг и Кети Бејтс, продуцентот на „Американска хорор приказна“ Рајан Марфи сака да ангажира уште една филмска дива, за осмата сезона од светски популарната ТВ серија. Се работи за некогашната ѕвезда на малите екрани Џоан Колинс.
- Всушност, се уште преговараме и нема што повеќе да кажам, изјави Колинс за „Д Рап“.
Претходно се појавија информации дека Бејтс може да се врати, по паузата во последната сезона со поднаслов „Култ“. Таа глумеше и во претходните четири сезони.
Засега, сигурно е само тоа дека Сара Полсон и Еван Питерс, коишто глумеа во сите седум сезони досега, ќе имаат своја улога и во новата приказна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата