МВР вчера издало 445 потврди за барање азил

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на 445 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.
- Во периодот од 19 јуни до 9 јули 2015 година во 8 часот издадени се потврди на вкупно 9.955 странски државјани, од кои, 7.698 се од машки пол, 1.244 се од женски, 958 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 55 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 6.878, потоа Авганистан - 868, Ирак - 538, Пакистан - 434, Сомалија - 303, Палестина - 273, Конго - 241, додека останатите се во помал број, соопшти денеска МВР.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 9 јули 2015 година се евидентирани вкупно 25 баратели на азил, од кои 22 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 1 барател на азил е малолетнo лицe. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се двајца баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи), 1 малолетнo лицe без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил не се регистрирани.
Екипите на Црвен крст пружиле прва помош на 54 лица, на железничката станица во Гевгелија, а извршија транспорт на шест лица до гевгелиската болница. Дистрибуирани се 138 шишиња вода, две ќебиња, четири пакувања пелени и 21 кутии двопек.
Ново на Сител
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
