Необичен крадец во Неготино, крадел само ореви

Полицијата во Неготино вчера уапси осомничен за кражба на 165 килограми ореви од три приватни куќи во градот.
- На 19.октомври 2015 година по претходно обезбедена наредба од надлежен судија извршен е претрес во дом на жител на Неготино, при што пронајдени се поголема количина ореви како и други предмети кои потекнуваат од претходно извршени кривични дела, потврди за МИА Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Предметите со потврда се одземени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно расветлување на повеќе кривични дела, како и утврдување на евентуална инволвираност на друго лице при извршување на кривичните дела. По целосно документирање ќе следи и соодветен поднесок до надлежна институција, рече Стојковска.
За потсетување, на почетокот на месецот во Неготино беа украдени 165 килограми ореви.
- На 12. октомври годинава во полициската станица Неготино пријавени се три случаи кражби на ореви од тераси од куќи лоцирани на улица „Душко Делов” во Неготино. Во првиот случај, оштетениот граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 80 килограми ореви, во вториот случај оштетениот пријавил дека од терасата од куќата му се одземени три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви и третиот оштетен граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 55 килограми ореви, соопшти тогаш Стојковска.
Ново на Сител
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
