Храброст: За време на настап го скршила носот, но не престанала да танцува

Рускиот талент шоу „Танц“ непланирано доби дополнителна доза на драма, кога младата танчерка Екатерина Кондрашин во текот на настапот го скрши носот.
Екатерина (23) настапи на аудицијата во градот Гелендџик во југозападниот дел на Русија, претставувајќи се со модерна кореографија која во еден момент тргна наопаку.
Имено, во занесот на танцувањето Екатерина со цела сила удри со главата на сцената, но породлжи да игра како ништо да не се случило. По завршувањето на кореографијата беше јасно дека многу крвари.
Судиите беа во шок, а иако персоналот во бекстејџот и пружи прва помош, на крајот таа сепак заврши во болница поради скршениот нос и тоа пред да добие оценки од жирито.
Екатерината нејзиниот настап го подготвувала два месеци, а ако победи, 30 илјади освоени фунти планира да ги потроши на отворање на сопствена школа за танц.
- Не е важно колку пати ќе паднете, она што навистина е важно е колку пати можете да станете, рече Екатерина по инцидентот.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
