-->
-->
Еве зошто Трамп и Ким минале преку навредите: Зад историската средба се кријат две важни работи
-->
Целиот свет исчекува по големите вербални препирки, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп конечно да се сретнат во живо.Зошто диктаторот омекнал кон некогашните лути противници, објаснуваат неговите поранешни соработници.
Одненадеж, Ким Јонг Ун одлучил да ја отвори својата земја кон светот. Земјата во која мали нозе се учат дека Американците се непријатели и во која постои музеј на нивните злосторства, полека почнува да соработува.
Прво севернокорејските и јужнокорејските репрезентативци имале заеднички настап на Зимските олимписки игри, на што се гледало како најсериозен чекор кон нормализацијата на односите на двете земји кои со години се на работ на војна.
Набрзо пристигнала историска вест - Ким и Трамп ќе седнат на преговарачка маса, иако до вчера разменувале закани еден кон друг. Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер го обиколил Пекинг, што била негова прва официјална странска посета откако застанал на чело на државата во 2011. година.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг, како редок азиски сојузник на изолираниот Север, не сакал да остане под радарот на најисчекуваниот состанок меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, а нивната среда е проследена како важен чекор кон позитивни промени на Корејскиот полуостров.
Главните мотиви на потезите на Ким очигледно се пари и безбедност, наведува американскиот весник "Times".
Санкциите од ОН, откако Трамп ја преземал власта го намалиле приливот на јаглен, работна сила и текстил во веќе изолираната земја. КИм знае и дека, иако би успеале да нанесе страшна штета на својот непријател, Северна Кореја сепак би изгубила во било каков судир.
САД и сојузниците, од друга страна, имаат повеќекратни мотиви да седнат со Ким. Прво, целиот свет би се посветил на договорот за денуклеаризација, со оглед на тоа дека севернокорејските воени егзибиции втерале страв во коски, пред се кај јужниот сосед и Јапонија, а потоа и кај остатокот од планетата. Но, Америка има и уште еден интерес - со соработката да спречи и зајакнување на Кина.
Еден од некогашните севернокорејски нависоки службеници, човек близок на Ким, раскажал дека е можно лидерот на Северна Кореја навистина да сака добри односи со Вашингтон, за да го унапреди животот на 25 милиони луѓе.
Познавајќи го, тој верува дека Ким би можел и да прифати денуклеаризација, но за возврат ќе бара одбранбен договор потпишан со Русија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија, а кој ќе го ратификуваат ОН и Трамп.
Одмрзнувањето на односите и со Токио за Северна Кореја би било вистински ветер во грбот. Пјонгјанг никогаш не добил компензација од Јапонија за злосторствата извршени од 1910. до 1945. година, додека Јужна Кореја добила.
Се претпоставува и дека Северна Кореја би можела да го зголеми притисокот на САД со продажбата на нуклеарна технологија на терористички криминални групи, за да ја засили својата преговарачка моќ, како што правела и претходно.
Жителите на пограничните територии на Јужна Кореја веќе се понадевале и во повторно спојување со северот, со оглед на тоа дека на другата страна од границата имаат семејства.
Тоа е една од опциите и која ја предвидува поранешниот соработник на Ким. Договорот би можел да биде сличен на оној меѓу Кина и Хонгконг, по принцип една земја, два система.
Демилитаризирана зона меѓу Северот и Југот би можела да биде главна цел. Оладувањето на односите со Вашингтон и отстранувањето на санкциите и можноста за воен напад на Северот, исто така е незанемарлива добивка. Но, Јужнокорејците би биле сомничави пред Пјонгјанг и воздржани кон САД поради нивната ранливост, па се плашат да не станат човечки штит.
"Се чувствувам добро поради преговорите. Ќе ги намалат тензиите и ќе спречат војна", вели еден од жителите на границата на Јужна Кореја и додава: "Барем на кратко".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
