-->
-->
Дербито Пелистер-Вардар без голови
-->

Во првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни средбите од 25.коло.
Водечкиот тандем на табелата, Шкедија и Вардар одиграа мечеви без голови против Скопје и Пелистер, додека трето пласираниот Силекс ја совлада Победа.
Вечното дерби во Битола, меѓу Пелистер и Вардар не донесе којзнае каков фудбал, па на крајот дуелот заврши со нај непопуларниот резултат 0-0. Исто беше и на средбата во Автокоманда, каде кај Скопје гостуваше Шкендија.
Трето пласираниот Силекс во Кратово ја совлада прилепска Победа со 1-0, со голот на Дејан Благојевиќ во 26.минута
На победа пред своите симпатизери се радуваше и екипата на Ренова кој со 3-1 го победи Шкупи, а дуелот меѓу Работнички и Академија Пандев заврши без победник 1-1.
ТАБЕЛА:
1. ШКЕНДИЈА 63 бодови,
2. ВАРДАР 47,
3. СИЛЕКС 39 (-1),
4. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 30,
5. РАБОТНИЧКИ 29,
6. ШКУПИ 29
7. РЕНОВА 28,
8. ПОБЕДА 25,
9. ПЕЛИСТЕР 23 (-1),
10. СКОПЈЕ 21
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
