ЦУК: Зголемен прелив на брана „Глобочица“

Од подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга на АД Електрани на Македонија известуваат за зголемен прелив на браната Глобочица, информира Центарот за управување со кризи.
Согласно временската прогноза за денеска и утре таму се очекуваат врнежи од дожд во количина од 20 литри на метар квадратен кои ќе бидат особено интензивни во раните утрински часови, проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 километри на час.
- Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната „Глобочица“, каде во услови на истек од Охридското Езеро од 52 м3/сек и истек низ ХЕЦ „Глобочица“ од 52 м3/сек се очекува прелив на вода низ преливната шахта од 150-200 м3/сек. Прелиената количина на вода ќе предизвика зголемување на нивото на Црн Дрим низводно од браната Глобочица, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Според соопштението, најголемите протеци на вода добиени според анализите правени согласно метеоролошката прогноза од вчера се очекува да бидат утре околу 6 часот изутрина, а ќе траат до попладневните часови истиот ден кога се очекува стабилизирање на истеците на вода.
По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање соодветни мерки за превенција.
Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим.
За состојбата се известени угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.
- Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица. Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на СУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности, информира Центар за управување со кризи.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
