Македонија
30. March 2018 - 16:07

До 10-ти април ќе се состави новиот владин кабинет

Првото пополнување со кадри од нови партии во владејачката коалицијата премиерот Зоран Заев очекува да се случат од 10 до 15 април за кога најави смена на кадрите на Алијансата на Албанците кои чекаат разрешување откако партијата излезе од Владата.  Тој ја потврди вчерашната средба со главниот коалициски партнер Ахмети во Собранието каде што разговарале за тековните средби за името во Виена, за улогата на 10-те пратеници на ДУИ во носењето на реформските закони, но и за проширување на владиното мнозинство. Рече дека ја има засега ја има согласноста на ДУИ за овие прашања.

„Поголем дел од времето поминав во кабиентот на Талат Џафери затоа што сакав заедно да определиме една агенда за реформиските зкаони. Сакаме до 15 април односно 2 дена од објавувањето на извештајот на 17 април дел од законите кои се усогласени, кои што се чисти, поминати преку експертизата поднесени во Собрание да поминат. Договоривме на таа седница на 10 април, тука се законот за следење на комуникации, тука е законот за заштита на сведоците, за судовите и судскиот совет и другитте зкаони кои се усогласени, промената на ДИК поради тоа што мора да биде пополнета и други закони од 3-6-9“, изјави премиерот Заев.

Заев пред два дена ја потврди соработката со Демократската партија на Турците чиј пратеник веќе делува како дел од владејачкото мнозинство во парламентот, но оваа партија се уште не добила колач од извршната власт.

Како први потенцијални идни владини партнери Заев ги посочи дветре крила на БЕСА. -Неофицијалните информации се дека се уште разговорите не се на лидерско, туку на партиско ниво. Високи партиски извори од СДСМ коментираат дека БЕСА, без да прецизираат кое крило: дали она на Гаши или она на Касами, преговарала за едно министерско место. Од СДСМ инсистираат тоа да биде министерска позција без ресор, додека пак БЕСА бара ресорско министерство.