-->
-->
Ирска протерува еден руски дипломат
-->
- Ирска ќе протера еден руски дипломат поради нападот со нервен агенс врз рускиот разузнувач Сергеј Скрипал во англсикиот град Солзбера, за што британската Влада ја обвини Москва, изјави денеска ирскиот министерот за надворешни работи, Симон Ковенеј.- Министерството за надворешни работи се состана со амбасадорот на Руската Федерација и го информираше дека ќе ја повлече акредитацијата на еден член од неговиот персонал со дипломатски статус, во согласност со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Лицето за кое станува збор мора да ја напушти земјата, рече тој.
Повеќе од дваесет земји досега објавија протерувањето на повеќе од 110 руски дипломати поради нападот со нервен агенс на двојниот шпион, Скрипал и неговата ќерка Јулија, на 4 март.
Покрај 17 членки на ЕУ, протерување на руски дипломати најавија и САД, Канада, Украина, Норвешка и Австралија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
