ЕУ очекува политичките лидери да се однесуваат одговорно и конструктивно - Хан идната недела во Скопје по договор

Европската унија реагираше остро на вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговото објавување крај на преговорите за решавање на политичката криза во Република Македонија, а со тоа и на одржувањето на најавените предвремени парламентарни избори во април 2016 година, според договорот постигнат на 2 јуни со посредство на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, утринава ја испрати се чини клучната порака во име на официјален Брисел, а тоа е дека од сите македонски политички лидери се бара одговорно и контруктивно однесување.
- Разговорите меѓу политичките лидери се во критичен момент. Европската унија очекува сите тие да се однесуваат одговорно и конструктивно и да работат итно и во добра волја во решавањето на ова вонредно прашање. Со оглед на големите предизвици со кои се соочува земјата, повеќе нема време за губење. Ние повторуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни и го потврдија истиот на 19 јуни. Овој договор е основа за конечен компромис. Тие мора да ги имплементираат одговорностите што ги презедоа. Интересот на земјата мора да е на прво место, порача Коцијанчич.
Гласноговорничката на неформалната Влада на Европската унија, исто така најави и доаѓање на коемсарот Хан во Македонија во текот на идната недела, со цел посредување при постоигнување на конечен договор за решавање на политичката криза во земјата.
- Комесарот Хан останува во близок контакт со лидерите и има намера да патува во Скопје во првата половина на следната недела, додаде Коцијанчич.
Портпаролката на ЕК, во име на Унијата испрати уште една, се чини повеќе од јасна порака до македонските политички лидери.
- Компромисот е есенцијален елемент во демократијата. Политичката енергија мора да се фокусира не на партиските политички прашања, туку на реформите што се посочени во препораките на Еврокомисијата, рече Коцијанчич, говорејќи во име на неформалната Влада на ЕУ.
Сето ова што го пренесе Маја Коцијанчич дава јасно до знаење дека до почетокот на идната недела, а според најавите тоа се очекува да биде вторник, 14 јули, четворицата политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ќе мора повторно да седнат на маса и да договорат рамка на договор. Во вторник, кога се очекува да пристигне комесарот Хан во Скопје, Европската унија се надева дека ќе дојде до конечен договор за ставање крај на политичката криза.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
