-->
-->
Џафери во Женева се сретна својот турски и бугарски колега
-->
Во рамките на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува во Женева претседателот на македонскот Собрание Талат Џафери имаше одделни средби со претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија Цвета Карајанчева, со кои размениле мислења за иднината на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ).Како што соопшти собраниската прес-служба Џафери на соговорниците им го претставил предлогот на Собранието на Република Македонија за надминување на долгогодишниот застој за изнаоѓање решение за седиште на Секретаријатот на ПС на ПСЈИЕ, за кое кандидати се турскиот и бугарскиот Парламент.
Предлогот првично бил презентиран на седница на Постојаниот комитет одржана на 16 и 17 март во Блед, Словенија, и истиот добил позитивен прием од пратеничките на земјите учеснички во ПСЈИЕ.
- Истакнувајќи дека двете страни несомнено имаат силни аргументи за прифаќање на нивниот предлог за седиште на Секретаријатот, Џафери оцени дека се додека се одлучува со консензус, а двете страни цврсто стојат на своите предлози, невозможно е да се постигне решение. Токму затоа, македонското Собрание предложи да се размислува за ротација на седиштето на Секретаријатот и именувањето на Генералниот секретар на ПС на ПСЈИЕ во период од пет години, односно додека седиштето на Секретаријатот е во една од двете земји кандидати, Генералниот секретар да биде претставник на другата земја и обратно, се вели во соопштението.
Претседателот на Националното собрание на Република Турција Исмаил Караман и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија Цвета Карајанчева, изразиле благодарност за предлогот што го оцениле како позитивен чекор кон конечно разрешување на прашањето за кое ПС на ПСЈИЕ дискутира повеќе години. Било договорено разговорите за овој предлог да продолжат со поголема динамика во наредниот период.
Соговорниците биле согласни дека е неопходно што поскоро да се формира Секретаријатот на Парламентарното Собрание на ПСЈИЕ, со што ќе се овозможи пошироко политичко влијание и видливост на ПСЈИЕ и ќе се зајакне соработката меѓу парламентите учеснички во Процесот, како и соработката со другите меѓупарламентарни собранија.
На одделните средби биле разменети и мислења за билатералните односи и парламентарната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и меѓу Република Македонија и Република Турција.
138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), се одржува од 24 до 28 март во Женева
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
