Избрани претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент

По постигнатиот договор меѓу коалицијата на десниот центар и популистичкото Движење пет ѕвезди (М5С), двата дома на италијанскиот Парламент денеска ги добија своите нови претседатели.
За претседател на Сенатот е избрана 71-годишната Елизабета Алберти Казелати од партијата Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, која со ова стана првата жена на чело на Горниот дом на италијанскиот Парламент.
За изборот на Алберти Казелати гласаа 241 сенатори, а 79 беа против или воздржани.
Од друга страна, за претседател на Домот на пратениците е избран 43-годишниот Роберто Фико од М5С.
За изборот на Фико се изјаснија 422 пратеници од вкупно 620-те кои учествуваа во гласањето.
Со изборот на претседателите на двата дома на Парламентот заврши неговото конституирање по изборите одржани на 4 март, со што започнува процесот за избор на нов владин кабинет на Италија, кој се очекува да не биде ни малку лесен имајќи предвид дека ниту една коалиција или партија нема парламентарано мнозинство, а опциите за формирање коалициска влада се малубројни.
Десноцентристичката коалиција веднаш по изборот на првите луѓе на двата дома на Парламентот, соопшти дека овој договор не претставува вовед кон формирање на влада по истиот модел.
Италијанските медими јавија дека договорот за избор на парламентарните претседатли бил постигнат меѓи лидерите на М5С, Луиџи ди Мајо и на партијата Лигата, Матео Салвини.
Според истите извори, тие двајца се договориле меѓусебно, по што Салвани го принудил Берлускони да ја повлече најавената кандидатура на Паоло Романи за претседател на Сенатот и наместо него да ја предложи Алберти Казелати.
Медиумите тврдат и дека Берлискони бил многу бесен, затоа што Ди Мајо воопшто не сакал да се сретне со него, туку разговарал само со Салвани.
По постигнатиот договор, трите партии од коалицијата на десниот центар - десничарската и антимигрантска Лигата на Салвини, конзервативната ФИ на Берлускони и националистичката Браќа на Италија (ФДИ) на Џорџо Мелони издадоа заедничко соопштение во кое со обврзуваат дека „нема да постигнат индивидуални договори за формирање влада“.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
