-->
-->
Трамп: Се надевам дека Саудиска Арабија ќе им даде дел од богатството на САД
-->
Саудиска Арабија е многу богата земја и се надевам дека дел од богатството ќе им го даде на САД во форма на работни места и купување на најдобрата воена опрема која постои во светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.
Презентирајќи им на новинарите во Овалната соба паноа со податоци и фотографии од воена опрема која САД им ја продале на Саудиска Арабија, Трамп се осврна на влијанието на таа трговија врз американската економија.
Трамп истакна дека со младиот саудиски принц се во одлични односи.
- Врските најверојатно никогаш не биле толку добри, добро се разбираме, изјави Трамп на средбата со наследникот на престолот на најголемиот извозник на нафта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата