Што е украдено: Детали за кражбата во куќата на Саша Поповиќ
Меѓу украдените предмети е и пиштол и куршуми . Пиштолот бил регистриран на име на сопругата на Саша , Сузана Јовановиќ.
Во сефот што бил украден од спалната биле украдени бурмите на двајцата сопружници , пет ланчиња од бело и жплто злато , брилијанти , привезоци и осум часовници ,,Ролекс” .
Во времето на кражбата немало никој дома , а влезната врата била отворена. Иако се наведуваше дека крадецот би можел да биде некој близок до семејството , за сега не се знае идентитетот на крадците.
Единствена претпоставка дека се блиски до семејството е тоа што куќата била празна од 19.30 до 21.15 часот , а токму тогаш била извршена кражбата . Исто така , крадците многу добро знаеле што бараат .
Во другите соби не било ништо превртено , додека само во спалната соба , каде што го чувале сефот имало неред. Тие го прескокнале ѕидот околу куќата со скала , а потоа лесно влегле внатре и не им требало многу време за кражбата.
Во околината на куќата на Бежаниска коса во Белград има безбедносни камери , така што истрагата ќе може да го открие идентитетот на крадците кои ја ограбија брачната двојка минатата недела.
Истрагата е насочена и кон лица кои извршувале работи во домаќинството на Саша , како и гостите кои имале пристап до спалната соба.
Ново на Сител
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
