Грчки дипломатски извори потврдуваат дека Коѕијас добил писмо со куршум и закани поради Македонија

Грчки дипломатски извори за новинската агенција АНА-МПА ја потврдуваат веста објавена во денешното издание на весникот „Та неа“ за заканувачкото писмо и куршумот испратен до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, јави дописникот на МИА од Атина.
„Продолжува нападот од изминатиот период со закани по животот врз министерот за надворешни работи поради македонското прашање, потврдуваат за АНА-МПА дипломатски извори“, пишува грчката државна новинска агенција, а воедно објавува и детали од заканувачкото писмо, испратено во вторникот до Никос Коѕијас.
„Сите оние од вас што се чувствувате Грци, борете се за нашиот идеал, за нашата историја, за нашиот идентитет. Прашањето со името на Скопје крие големи стапици“, пишувало во еден дел од дописот, додека пак во друг, наменет за пратениците, анонимниот испраќач порачал дека „за сите останати, особено за оние што ќе стават потпис на распродавањето на нашата Македонија важи само едно нешто: ќе направиме да ги снема нивните семејства, од најмалиот до најголемиот.“
На крајот од заканувачкото писмо, како што објави АНА-МПА, бил упатен повик до безбедносните сили и армијата.
- Не им се потчинувајте на нивните наредби, влезете во парламентот и исчистете ги сите, запирајќи ја распродажбата за НАТО и ЕУ, напишал анонимниот испраќач.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
