Се чувствувам осакатено: Марија беше најубава студентка, а денеска е непрепознатлива поради несреќата што ја предизвика нејзиното момче
Марија Лебедева (23) од Новосибирск била перспективна студентка по право и една од најубавите во својата генерација. Се се смени во момент и тоа во 2016 година, кога нејзиното момче помина на црвено светло и со новиот автомобил се залета во друго возило.
Во страотната несреќа на Марија и е оштетен мозокот, го загуби видот, повреден и е ’рбетот, а десет дена била во кома. Не се сеќава речиси на ништо што се случувало пред несреќата.
-Никогаш не беше со мене во текот на лекувањето. Ми префрлаше дека двајцата сме виновни. Никогаш не ми се извини. По несреќата не изгледам исто, а се сменија и многу други работи, вели несреќната девојка за чие лекување, по тужбата, Андреј морал да плати над 10.000 евра.
Марија на тој 20 август 2016 година се скарала со момчето Андреј со кој била во врска 4 години. Тој бил лут зошто во автомобилот морал да ја чека половина час. Кога Марија влегла во автомобилот, ’и се развикал, и во жестоката кавга, со своето БМВ -530 поминал на на црвено светло со брзина од 80 километри на час.
Единствено Марија е повредена во несреќата, Андреј и неговиот пријател се спасиле со активирање на воздушните перничиња.
Марија вели дека пред тоа многу сакала да патува, да танцува, трча...Сега и недостасува сето тоа:
-Сега сфатив дека немав многу пријатели, туку само познаници. Најмногу ме погоди загубата на видот, ја изгубив самодовербата, тешко ми е да одам со белиот стап. Често слушам како луѓето ме жалат, посебно оние постарите. Се чувствувам осакатено.
Сепак, последно што сака е да ја крепат душевно, а си постави и нова цел - сака да стане стјуардеса.
Во надеж дека ќе успее, Марија моментално минува низ експериметален третман со матични келии, кој е исклучително скап. Сите обиди за враќање на видот досега биле безуспешни. Нејзиното семејство поради тоа секој ден бара начини и методи со кои сака да и помогне на својата ќерка.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл