АХВ:Во црниот дроб на дивечот присутни големи концентрации на тешки метали

И до десет пати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените во црниот дроб на дивечот, покажува анализата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) направена во периодот 2002-2017 година.
Како што соопшти денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов, станува збор за кадмиум, олово и жива присутни во црниот дроб на дивечот поради што се препорачува овој орган да не се консумира.
Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали се пронајдени кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга.
- Во одредени случаи кај отстреланиот дивеч се утврдени и до десет пати поголеми концентрации на олово, кадмиум и жива во црниот дроб. Само во четири случаи е најдено зголемување и во мускулното ткиво и тоа само во текот на 2017 година, истакна Атанасов на прес-конференција.
Во најголем процент тешките метали се детектирани кај дивите свињи (95 отсто) кои се хранат со ринење, а потоа и кај зајакот и птиците. Се претпоставува дека присуството на тешки метали доаѓа од почва.
Одговорајќи на новинарско прашање дали дивечот во рестораните е безбеден, Атанасов потенцира дека секое месо што се пушта во промет претходно подлежи на контроли.
Ново на Сител
-

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност
-

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
-

Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска
-

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
-

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
-

Свечена заклетва на новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес
-

Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска
