Вес Мичел: Србија има континуирана поддршка од САД
Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел вечерва од Скопје пристигна во Белград, каде оствари средба со српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.
На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Ивица Дачиќ, биле разгледани темите за регионалната стабилност, европскиот пат на Србија и продолжување на Бриселскиот дијалог, теми за кои Вес Мичел укажал дека Србија има „континуирана поддршка од САД“.
Според соопштението за медиумите, американскиот државен секретар истакнал дека „САД ја гледаат Србија како една од најзначајните држави во регионот и столб на стабилноста на Балканот“.
Со цел на „заживување на традиционалните и на пријателски односи, Ивица Дачиќ на Вес Мичел му подарил копија од изјавата на американскиот претседател Вудроу Вилсон од весникот Њујорк Тајмс од 1918 година, под насловот„ Го славиме Косово како Ден на честа“ објавен по повод Видовден.
Вес Мичел пристигна во Србија во „зовриена атмосфера“ подгреана од провладините медиумите, кои објавија дека носи „Косовски пакет“ со план од четири точки за решавањето на Косовското прашање.
Самиот државен секретар на САД вчера во Приштина ја демантираше таа информација за како што кажа „креативното новинарство“, со порака дека неговата посета е со цел на поттик на дијалогот меѓу Косово и Србија и не само тоа-
„Не сум тука да откријам некој специфичен план, туку дојдов да разговараме за дијалогот за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Видовме зголемување на руското влијание низ целиот Балкан минирајќи ги демократските институции. Бевме јасни и во нашите дискусии со Русите дека ова влијание не е нивен интерес и интерес на балканските народи“, изјави американскиот државен секретар кој доаѓа во Белград 20 дена после посетата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Од Стејт департментот соопштија дека за време на посетата на Белград Вес Мичел ќе ги „потврди силните врски помеѓу Србија и САД и ќе ја повика српската влада да го забрза нормализирањето на односите со Косово, како и да ги спроведе реформите кои се потребни за реализирањето на нејзината цел за членство во ЕУ и активно да ја подржи регионалната стабилност“.
Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел за утре има закажани разговори со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и со опозиционите лидери, по што ја продолжува балканската турнеја во Атина и Никозија.
Како што соопштија од Стејт департментот, во Атина Вес Мичел „ќе разговара за продлабочувањето на американско-грчките стратешки врски и за јакнењето на билатералната соработка во одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите“
Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
