Сообраќајот по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија.
На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местото Добра Вода – село Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола се уште е во прекин и истиот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, а сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена е соодветна сигнализација.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен