Сириските власти повратија контрола над половина од Источна Гута

Сириските власти ја повратија контролата над повеќе од половина од бунтовничката енклава Источна Гута, во рамки на офанзивата на владините сили, проследена со секојдневни воздушни и артилериски напади, што започна на 18 февруари, соопшти вечерва Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Источна Гута е последниот реон во близина на сирискиот главен град Дамаск, што е под контола на бунтовниците.
Центарот, чие седиште е во Лондон, информира дека сириските влади сили веќе презеле контрола врз источните и југоисточните делови на реонот на Источна Гута и се приближуваат кон поголемото населено место Дума и западните области на енклавата.
Според информациите на невладината организација, најмалку 45 цивили, вклучително и четири деца, загинале денеска во Источна Гута при воздушни напади, за кои се тврди дека ги извршиле руски авиони.
Центарот во неколку наврати ја обвини Русија за воздушни напади врз Источна Гута, што Москва категорчно го негира.
Претходно денеска, како што јави МИА, Центарот соопшти дека најмалку 700 борци на сириски провладини сили се упатиле како засилување кон Источна Гута, со што „обрачот околу бунтовничката енклава е затегнат уште повеќе“.
Од почетокот на офанзивата на сириските владини сили врз Источна Гута загинаа над 800 цивили.
Ново на Сител
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
