Стандардизиран форматот за годишните извештаи на институциите и независните тела
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го стандардизираше форматот во кој институциите и независните тела што се во нејзина надлежност треба да ги испраќаат годишните извештаи за работа до Собранието на Република Македонија, со цел да може поедноставно да се врши надзор врз нивната работа.
- Институциите ќе бидат следени и по хоризонтала и по вертикала. По вертикала во однос на минатите години и работата што ја завршиле во конкретни величини, вредности и варијабли кои ќе бидат споредувани. Ваквата форма на извештаи ќе овозможи и споредување по хоризонтала поради истиот формат во кој тие ќе бидат доставувани. На ваков начин можат да бидат споредувани институции кои функционираат во различни области од општествениот живот, рече на денешната седница потпретседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Хари Локвенец.
Според претседателот на Комисијата Александар Кирацовски, оваа стандардизација на извештаите што ги доставуваат институциите е еден од начините да се зголеми и да биде поефикасна надзорната контрола на Собранието на Република Македонија над извршната власт.
Оваа стандардизирана форма на годишни извештаи на независните институции ќе биде тема и на втората средба меѓу Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и претставници на органите и институциите кои испраќаат годишни извештаи до Собранието што ќе се одржи денеска.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци