Почнува снимањето на новиот македонски филм „Златна петорка“
Долгометражниот игран филм за убиството на пет струмички студенти во 1951 година, насловен „Златна петорка“ почнува да се снима денеска во Струмица. Снимањето ќе трае 24 работни дена и ќе се одвива главно на локации на територијата на таа општина.
Филмот се очекува да биде завршен за кино-прикажување идната година со премиера на некој од светските филмски фестивали.
Режисерот на „Златна петорка“, Горан Тренчовски истакна дека филмот опфаќа мотиви кои се мошне интересни од нивен филмски аспект и третираат тема која ја екранизираме на нивен фикционален начин.
- Значи не правиме ниту биографски, ниту историски спектакл, туку напротив обработуваме интимна драма, која е вгнездена во стегите на некогашниот режим конкретно во 1951 година, кога провејува мотивот за апсурдната ликвидација на петтемина струмички студенти, рече Тренчовски.
Според директорот на фотографија, Апостол Трпески, станува збор за љубовна приказна, суптилна тема сместена во едно милје во минатото и едно милје во сегашноста.
Во „Златна петорка“ играат актерите: Славко Штимац, Петре Арсовски, Љупка Џундева, Ненад Милосављевиќ, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Александар Ристовски, Влатко Илиевски, Васил Михајлов, Стојан Велков, Биљана Таневска, Диме Дрваров, Виктор Јакимовски, Григор Јовановски и Игор Тодоров.
Сценографијата е на Кирил Спасески, костимограф е Нела Тодоровска, а тонот е на Дарко Спасевски.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин