Путин: Далеку сме од решение за Сирија
Претседтаелот нa Русија Владимир Путин денеска истакна дека решение за Сирија може да се најде само со заеднички сили, но не и кога се размислува за обезбедување тактичка предност.
Путин оцени дека ситуацијата во Сирија е тешка и изгледите за решение зависат од волјата на страните во конфликтот и подготвеноста да го сочуваат територијалниот интегритет на државата.
Русија, според него, сака да поттикне политички дијалог и уставен процес.
- Сакаме зоните на ескалација да се претворат во зони на соработка, изјави Путин на прес-конференцијата со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој изрази жалење во однос на Источна Гута, поради големиот број екстремистички сили на терен, меѓу кои и терористички организации. Путин додаде дека руски сили успеале да евакуираат од Гута голем број цивили и дека во тоа помогнал турскит претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Курц додаде дека политичко решение за Сирија не е близу, но дека е можно преземање меѓучекори, со што ќе се намалат страдањата на цивилите.
- Во овој момент потребни ни се хуманитарни коридори, изјави австрискиот канцелар.
Ново на Сител
-
Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
-
Во Собранието седница на три комисии
-
Земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје
-
Трамп освои 295 електорски гласови, Харис 226
-
Зеленски имал „одличен“ разговор со Трамп по победата
-
Обама му честиташе на Трамп: Нашите ставови не секогаш победуваат