Кабинет на Иванов: Сертификатите за новинари се во контекст на подготовка на Стратегијата за одбрана

Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, преку соопштени ја демантира изјавата на претседеталот на ЗНМ Насер Селмани, дека издавале безбедносни сертификати на новинари, посочувајќи дека тој е погрешно информиран.
Според кабинетот, врз основа на деловникот за работа на Советот за безбедност седниците во определени случаи можат да бидат јавни. Стручни лица, наведуваат, може да учествуваат во работата на Советот, односно Советот за безбедност може да формира работни тела за разгледување на прашања сврзани со безбедноста и одбраната.
- Во процесот на спроведување на итните реформски приоритети врзани за прашања за безбедноста, но и законската обврска на Претседателот на Република Македонија да ја донесе стратегијата за одбрана, Советот планира активности во кои сметаме дека треба да бидат вклучени и стручни лица - новинари. Согласно законските одредби за работа за класифицирани податоци, новинарите треба да имаат издаден безбедносен сертификат од надлежен државен орган, ДБКИ. Во планираните активности очекуваме од новинарите да дадат сугестии за начинот на информирање на јавноста за подигнување на свеста и безбедносната култура за работа со класифицирани информации заради постоење на висок ризик од генерирање лажни вести и планиран истек на информации, што врши ерозија на институциите, стои во реакцијата од кабинетот на Иванов.
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Селмани изрази загриженост поради тоа што според нивни информации кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов на одредени новинари им понудил безбедносни сертификати во име на поголема транспарентност на институцијата, оценувајќи го таквиот чекор како обид за притисок и контрола врз медиумите.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
