Ким брутално одговара на САД: Ни се закануваат со војна за време на затварањето на ЗОИ - нашето нуклеарно оружје се ќе спречи
Северна Кореја соопшти денеска дека каква било поморска блокада ќе ја смета за воен акт.
Пјонгјанг ги осуди новите санкции на САД и наведе дека нуклеарното оружје ќе спречи какви било закани.
Претходно американските медиуми јавија дека, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзините клучни азиски сојузници се подготвуваат да ги прошират активностите со пресретнување на бродовите за кои постои сомнеж дека ги прекршуваат санкциите против Северна Кореја.
Тој план, би можел да вклучи и прераспоредување на силите на американската крајбрежна стража, кои би стопирала и претресувала бродови во азиско-пацифичките води.
Вашингтон преговара со регионалните партнери, вклучително и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Сингапур, за координација за заострена акција што би можела „да оди понатаму, како никогаш претходно“, во обидите да се сузбие обидот на Пјонгјанг, со поморската трговија да се обезбедат средства за нејзината нуклеарна програма.
Иако, сомнителните бродови и претходно беа пресретнувани, со новата стратегија ќе се зголеми обемот на таквите операции, но нема да биде воведена поморска блокада за Северна Кореја,
Таа американска иницијатива, што претходно не беше најавена, ги покажува се поголемите обиди на САД да ја принуди Северна Кореја да влезе во преговорите за напуштање на нејзината нуклеарна програма.
Американските пртставници сметаат дека за само неколку месеци Северна Кореја ќе развие нуклеарна ракета што ќе може да ја погоди територијата на САД.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија