Соработник на поранешен советник на Трамп се изјасни за виновен пред обвинителот Мјулер
- Американски адвокат поврзан со Украина, обвинет од специјалниот обвинител Роберт Мјулер кој ја води истрагата за наводно руско мешање во изборите во САД, се изјасни вчера за виновен за лажно сведочење пред федералните истражители.
Триесет и тригодишниот Алекс ван дер Зван беше обвинет дека лажел за неговите контакти со Ричард Гејтс, поранешен соработник во предизбораната кампања на Доналд Трамп.
Гејтс, деловен соработник на вашингтонскиот лобист и консултант Пол Манафорт, се приклучи кон тимот на Трамп, кога Манафорт беше раководител на кампањата во 2016 година.
Гејтс и Манафорт добија обвиненија во октомври за лажни искази, перење пари и нерегистрирање како странски агенти.
Обвиненијата се во врска со дејноста лобирање за поранешната проруска влада на Украина, што ги вршеле пред да почнат со работа во предизборната кампања на Трамп.
Ван дер Зван е обвинет дека лажел за неговата работа во адвокатска канцеларија ангажирана во 2012 година од украинското Министерство за правда за да „подготви извештај за случајот против Јулија Тимошенко“, опозициска политичарка и поранешна премиерка
Ново на Сител
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
-

Со воведни зборови на одбрана продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
