Нов силен земјотрес во Мексико
- Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во реонот на мексиканскиот главен град Мексико Сити.
Според Американскиот геофизички институт, потресот бил на десет километри под површината на земјата, со епицентар на 43 километри источно од местото Вахака во сојузната држава Оахака.
Земјотресот предизвикал вознемиреност кај населението, кое во паника ги напуштало своите домови, но засега нема информации за жртви или предизвикани метеријални штети.
Ова е втор силен потрес во Мексико во последниве 48 часа, по земјотресот од саботата со интензитет од 7,2 степени по Рихтер, кој беше почувствуван во јужните и централните делови на земјата, вклучително и во Мексико Сити.
При потресот, што се случи на длабочина од 24 километри и со епицентар на 148 километри југозападно од градот Оахака, беа оштетени најмалку 50 куќи и беше предизвикан прекин во електроенергетскиот систем, поради што милион луѓе останаа без струја.
Вкупно 369 лица загинаа во Мексико на 19 септември минатата година при земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтер, а 12 дена претходно животите ги загубија уште 96 лица, главно во државата Оахака, при потрес од 8,2 степени.
Ново на Сител
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
-

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата
-

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата
-

На 30 март закажано судењето за Стојанче Јовановски
-

Израел ги интензивира нападите врз Бејрут, најмалку 12 загинати
-

Врховниот суд го одби барањето на Васил - останува казната од 13 години затвоp
